Ангеловски по новиот пораз со Горица: Не се плашам од отказ, не сум човек кој лесно се откажува!

Екс-селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски не успеа викендов дури и по пет меча да обезбеди победа во хрватската ХНЛ-лига откако загуби со Горица во директниот дуел на дното од Ријека (0-2).

По преземањето на тренерското кормило, Ангеловски со Горица има четири порази и само еден освоен бод, што не е задоволувачко за раководните структури на клубот. Сепак, по вчерашниот пораз на Горица, медиумите во Хрватска го прашаа популарниот „Мрме“ дали се плаши за својата работа.

„Бевме под поголем притисок и не одигравме како на минатиот меч. Немавме многу шанси, а Риека своите ги искористи. Ова беше едно од најслабите изданија на Горица, тој психолошки притисок се почувствува врз фудбалерите, не успеаваме да ги искористиме шансите за гол … Сѐ ова е составен дел од нашата работа. Дали се плашам за работата? Јас не сум човек кој лесно се предава и сега кога е најтешко мора да ги собереме главите“, вели Ангеловски.

Засега нема најави дека се тресе столчето, но Ангеловски во Горица ќе мора да го крене тимот за да си ја задржи работата.

Се вчитува...