Ангеловски: Жалиме за пропуштената шанса на Елмас…, Адеми покажа огромно срце

ЕКИПА во Израел,

Никола Ѓуровски

Македонскиот селектор Игор Ангеловски искажа задоволство од играта на националниот тим во ремито (1-1) на гостувањето против Израел, но потенцираше дека може да жалиме за пропуштениот триумф по огромната шанса на Елиф Елмас во финишот од средбата…

„Задоволни сме можеби со бод, но можеме да жалиме за сите три по големата шанса во финишот. Адеми покажа големо срце, одигра одлично и покрај повредата, мислам дека и сите останати беа одлични и извонредно борбени. На стартот сакавме да го неутрализираме противникот и да добиеме играч повеќе во средниот ред па токму поради тоа беше тој избор на фудбалери. Во секој случај оваа игра во Израел треба да ни даде дополнителен мотив сега безусловно да одиме на победа во Летонија“ – истакна Ангеловски на прес-конференцијата по натпреварот со Израелците.

Се вчитува...