Англичаните бесни: Дали овој ВАР системот воопшто функционира!?

Англија синоќа во Волгоград славеше против Тунис со 2-1 во првото коло од групната фаза на Светското првенство 2018.

Англичаните до триумфот дојдоа со голот на Хари Кејн во 91. минута, иако сметаат дека победата требаше да биде осигурана и многу порано. Но, јавноста во Англија и тоа како разви полемика околу вистинската функционалност на ВАР системот поради некои одлуки на судијата на мечот.

Од Англија порачаа дека ниту ВАР не помага кога се тие во прашање. Кон средината на првото полувреме Англичаните бараа пенал врз Кејн, но судијата само одмавна со рацете. Притоа немаше ниту реакција од собата за ВАР, па се се заборави… Дали е ова прва грешка на судиите на Мундијалот во Русија?

Се вчитува...