Англичаните бесни: „Вембли“ станува стадион за НФЛ за 900 милиони фунти

Кога минатата година се појави приказната дека Лондон наскоро би можел да добие НФЛ франшиза се зборуваше дека тоа може да се случи за десетина години. Но, се чини дека американскиот фудбал во Англија би можел да се гледа и многу порано.

Неколку НФЛ натпревари секоја сезона веќе се играат на „Вембли“, но идејата е една франшиза трајно да се пресели во Лондон. Тоа би биле Џексонвил јагуарс чиј сопственик, Шахид Кан, инаку сопственик и на фудбалскиот клуб Фулам, вчера доставил официјална понуда до Фудбалската асоцијата на Англија која не може да се одбие – 900 милиони фунти за „Вембли“.

Палестинско-американскиот милијардер во разговор за „Дејли мејл“ не потврдува дали Јагуарс ќе ги пресели во Лондон, но потенцираше дека купувањето на „Вембли“ би било сериозен чекор кон стабилноста на тимот од Џексонвил. Неговите Јагуарс со години се мачат со малата посетеност, слабиот број навивачи и интерес за тој клуб на Флорида. Далеку популарни се Мајами делфинс и Тампа беј, а „јагуарите“, пак, се и тоа како популарни во Англија и најпродаваниот тим надвор од САД, кога се во прашање клупските сувенири.

Но, голем проблем за Кан и неговата желба да го купи „Вембли“ се Англичаните кои се и тоа како осетливи на својата традиција. Па, англиската јавност веднаш се „згрози“ над идејата дека легендарниот стадион, кој е изграден во 2007 година на местото на стариот „Вембли“ би бил во сопственост на некаков американско-палестински милијардер. Иако Кан инсистира дека „Вембли“ би останал дом на англискиот фудбал, а репрезентацијата единствено не би можела да го користи само во месеците кога е НФЛ сезоната.

Така Гордиот Албион квалификациите би ги играл на други стадиони во Англија, а според понудата на Кан на „Вембли“ повторно би се играле финалињата од Купот и доигрувањата за пласман во Премиер лигата.

Се вчитува...