Англичаните повторно заинтересирани за Сергеј Милинковиќ-Савиќ

Фудбалерот на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ долго време е на радарот на европските гиганти, а медиумите во Италија пренесуваат дека скаути на Челси го следеле српскиот фудбалер.

Тие биле присутни на мечот меѓу „небесно сините“ и Селтик, кој шкотскиот тим го доби со 2-1. Од 2015. година популарниот СМС настапува за екипата на Лацио, а за него претходно беа заинтересирани и Манчестер Јунајтед, Јувентус, Реал Мадрид и Пари Сен Жермен.

За репрезентацијата на Србија, Миленковиќ-Савиќ одигра вкупно 13 натпревари.

Се вчитува...