Англичаните сакаат да ја „копираат“ Бундес-лигата: Се бара начин за присуство на навивачи

Експертска група формирана од Владата проучува дали германскиот систем за присуство на навивачи би можел да се аплицира и во Англија. На натпреварите од Бундес-лигата е дозволено присуство на публика и дури 11 500 навивачи беа присутни на дуелот меѓу Борусија Дортмунд и Фрајбург. Ова е огромна спортивност од она што се случува во Велика Британија каде владата се повелче од планот за дозвола на навивачи на натпреварите во професионалниот спорт.

Сега оваа група прави анализи дали системот кој функционира во Германија би можел да се преслика во Англија. Според овој модел, присуството е дозволено само на домашни навивачи, а последниот збор околу дозволата го имаат локалните власти. Дозволено е искористување на 20 проценти од капацитетот на стадионот, но само ако бројката на заразени од COVID-19 во обласата е помалку од 35 на 100 000 жители. Затоа на пример, Баерн Минхен и Шалке не добија дозвола да имаат навивачи.

Сепак, дури и да решат властите да го применуваат овој систем, голем дел од премиерлигашките клубови како на пример двата состава од Манчестер, Лидс, Ливерпул нема да можат да добијат дозволи за присуство на навивачи. Стратегијата подразбира и план за транспорт на навивачите како и за нивно безбедно напуштање на стадионите.

 

Се вчитува...