Англичаните се чудат: Пеп ја повторува грешката од првиот меч со Ливерпул!?

Фудбалерите на Манчестер сити вечерва пред своите навивачи против Ливерпул го играат реванш натпреварот од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Сити ги разочара своите навивачи со поразот од 3-0 од првата средба, па јасно е дека сега ги очекува повеќе од тешка задача за пласман во полуфиналето. Многумина го критикуваа Гвардиола поради тактиката на првата средба, главно поради одлуката на позицијата лев бек да игра со Лапорт. Тоа на најдобар начин го искористи Мохамед Салах кој постигна гол и запиша асистенција при третиот погодок за „црвените“.

Но, англиските медиуми се вчудоневидени затоа што Гвардиола очигледно не се „опаметил“ од првата средба. Шпанецот, според најавите, повторно ќе настапи со идентичниот состав, а на левата бековска позиција повторно Лапорт. Единствените промени се во нападот каде место Габриел Хесус ќе игра Серхио Агуеро, а Стерлинг ќе биде стартер пред Силва.

Што се однесува до Ливерпул јасно е дека Јирген Клоп нема многу да менува, односно на терен ќе го изнесе истиот состав од првиот натпревар на „Енфилд“, со Вајналдум на местото местото на суспендираниот Хендерсон.

Се вчитува...