Манчестер сити обезбеди финале во ФА Купот по вчерашната победа во полуфиналето над Саутемптон.
На прес-конференцијата по мечот, а фудбалската јавност беше воодушевена од „дискусијата“ што ја имаше Пеп Гвардиола со еден од новинарите.
Гвардиола коментираше дека немало многу новинари на прес-конференцијата иако станува збор за многу важен натпревар, но малкумина очекувале дека еден од новинарите јавно ќе го провоцира тренерот на Сити на таков начин.
„Нема многу новинари? Како натпреварот да не е важен… Но, најдобрите се таму, нели?“, коментираше Пеп, а потоа се вклучи еден од новинарите.
„Исто како бројот на вашите навивачи“, рече тој, алудирајќи на не толку ѕвездена посета на „Етихад“ низ поголемиот дел од сезоната.
„Да, во право си. Дојди во финалето, ќе видиш“, додаде Гвардиола, но беше видливо изненаден од она што го кажа новинарот.
Pep: “Not many journalists here, like it’s not important…” 🤷♂️
Journalist: “Like your support…” 😬
Pep: “Yeah, you’re right. They will come to the final…” 🫣
Pretty unprofessional of the journo to say that about the fans, but Pep didn’t disagree… 😲 pic.twitter.com/3OW3f7TlYi
— Football Away Days (@FBAwayDays) April 26, 2026
Манчестер Сити ќе игра во финалето на ФА Купот против победникот од дуелот меѓу Челси и Лидс, кој ќе се игра денеска од 16 часот.
Финалето на ФА Купот е закажано за 16 мај во 16 часот на стадионот „Вембли“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
