Англичаните слетаа во Скопје: Нема потценување на Македонците (фото)

Англиската фудбалска експедиција вечерва слета во Скопје, во пресрет на утрешниот дуел со Македонија со кој ќе биде ставен крај на квалификацискиот циклус за ЕВРО 2024.

Англичаните веќе го имаат осигурано првото место, но делуваат цврсто решени да одиграат максимално од првата до последната минута, откако беа критикувани за нешто послабото издание на последниот триумф на домашен терен над Малта.

Според предводениот распоред, „гордиот албион“ воопшто нема да одржи тренинг на теренот на арената „Тодор Проевски“, туку е предвиден само „футинг“ и „истегнување“ по летот од Лондон до Скопје.

Се вчитува...