Англичаните со „луди конструкции“ го обвинија Алиоски за нацистички поздрав, тој им се изнасмеа… (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски одигра одличен натпревар за Лидс во Чемпионшиплигата, постигнувајќи прекрасен погодок со волеј удар од 18 метри во триумфот од 0-2 против Хадерсфилд.

Но, неговата одлична игра за момент само ја „заматија“ англиските медиуми кои го обвинија за наводен нацистички поздрав по постигнатиот гол. Сосема е јасно, кога ќе се погледнат и видео снимките дека воопшто не станува збор за нацистички поздрав, а по мечот и самиот Алиоски им се изнасмеа на англиските медиуми…

„Ми доаѓа да се насмеам на таквите работи и на тоа што помислуваат луѓето. Поздравот беше за мојот менаџер Марсело Биелса затоа што изминатиот месец за ‘ Мовембар’ пушти мустаќи и ни нагласи во соблекувалната дека нема да ги избричи додека не загубиме. Јас само му порачав дека нема и понатаму бричење“ – им одговори Алиоски на Англичаните за смешните конструкции на неговата прослава на голот.

 

Се вчитува...