Англичаните воодушевени од Алиоски: Перформанс за паметење – 28 успешни проигрувања, три создадени шанси, истрчани 12,5 километри

Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски одигра извонреден натпревар во победата на Лидс од 0-3 на гостувањето во 6. коло од Премиерлигата, против досега непоразената Астон Вила.

Англиските медиуми доделија највисока оцена за перформансот на Алиоски на мечот против Астон Вила, издвојувајќи го како еден од најдобрите поединци во тимот, без разлика и на феноменалната партија на Патрик Бамфорд кој постигна хет-трик за гостите.

Прецизните Англичани издвојувајќи ја статистиката за Алиоски го потенцираат неговиот ефект во офанзивата на гостите, и покрај основните задачи во одбраната на тимот. Македонскиот репрезентативец запиша 28 прецизни додавање, три креирани шанси за тимот од кои една 100%, два шута кон противничкиот гол, пет добиени директни дуели со противнички фудбалери. Сето тоа за дополнително зголемување на довербата кај Марсело Биелса кој и онака постојано нагласува дека Алиоски е еден од најзначајните фудбалери за Лидс и во новата сезона.

 

Се вчитува...