Англија без една од своите ѕвезди против Македонија?

Англискиот репрезентативец Букајо Сака, е целосно неизвесен за пресметката со Македонија на Олд Трафорд поради повреда. Играчот на Арсенал заработи повреда на натпреварот против Вулверхемптон, а тренерот на тимот Микел Артета не знаеше да одговори колку ќе паузира крилниот фудбалер.

Вестите ги чека и селекторот на Англија, Герет Саутгејт кој на Сака смета сериозно на престојните квалификациски натпревари против Малта и против Македонија и беше на списокот. Се очекуваше да игра и во првите 11, меѓутоа сега оваа повреда може да ги смени плановите.

Сака за Англија има постигнато 26 голови и постигнато осум голови, иако има 21 година. Важи за еден од најдобрите играчи во Англија, а евентуалното неиграње би било голема предност за нашата селекција пред пресметката на „Олд Трафорд“ на 19. јуни.

Се вчитува...