Англија го доби првиот репрезентативец од новиот милениум

Фудбалската репрезентација на Англија ремизираше без голови против светскиот вицепрвак Хрватска во Риека, а го доби првиот репрезентативец од новиот милениум. Селекторот Герет Саутгејт во завршницата на мечот му даде шанса за деби на Џејдон Санчо, 18-годишниот фудбалер на Борусија Дортмунд кој за првпат настапи во А-селекцијата на гордиот Албион.

Санчо е роден на 25 март 2000 година и беше дел од селекцијата на Англија до 17 години која го освои Светското првенство во 2017 година. Тој е десетти најмлад фудбалер во историјата на англискиот фудбал, кој заиграл за сениорскиот состав. Тој дебитираше со 18 години и 201 ден.

Се вчитува...