Англија го „притисна“ Велс, но не реализира, САД води против Иран на полувреме (ВИДЕО)

Дури 75% посед на топка има Англија во дуелот со Велс на островското дерби. И нерешено го носи англискиот национален тим во 1/8 финале, а тоа го има на полувремето четата на Герет Саутгејт. На прсти може да се избројат минувањата на англиската половина на велшките фудбалери. Најсериозната шанса ја имаше Рашфорд, чиј удар беше одбранет од голманот на Велс, Ворд.

Во секој случај на тој меч, Англија е поблиску до водство отколку Велс, кому му треба победа, но засега тешко се справува со Англичаните.

На вториот меч кој е многу поважен, САД дојде до водство против Иран благодарение на голот на Пулишиќ. Крилниот фудбалер на САД стрелаше после една добра акција. Иако Иран добро го отвори натпреварот, ја контролираше играта, сепак, после 30. минута сосема се сменија улогите, па така фудбалерите на САД се повеќе пред противничкиот гол и тоа резултираше со погодок кој ги носи САД блиску до 1/8 финалето.

Во финишот од првиот дел Веа постигна гол, но беше поништен поради офсајд.

Се вчитува...