Англија останува без Хари Кејн?

Англија најверојатно ќе биде сериозно ослабена на утрешниот пријателски дуел со Велс откако беше утврдено дека повредата што одличниот голгетер ја заработи при последниот меч за Баерн Минхен.

Кејн се повреди во финишот од мечот со Ајнтрахт, првите прогнози велеа дека проблемот не е сериозен, па тој допатува на „островот“ и се приклучи на подготовките на репрезентацијата. Сепак, деталните прегледи покажале дека проблемот не е наивен, па Кејн денеска не тренираше со тимот, туку индивидуално во друштво на дефанзивецот Кванса, кој исто така санира полесна повреда.

Кејн се наоѓа во сензационална форма и веќе има 18 гола од стартот на сезонава, но Баерн во првиот меч по паузата го очекува големо дерби со Борусија Дортмунд, па голгетерот и самиот не сака да ризикува да дојде до посериозна повреда.

Информациите од англискиот таборот говорат дека Хари Кејн најверојатно нема да настапи утревечер против Велс, но доколку состојбата се подобри, тој ќе биде во комбинација за наредниот квалификациски дуел закажан за вторник, на гостински терен против Летонија.

Се вчитува...