Англија се израдува на израмнување, но ВАР им го поништи голот (ВИДЕО)

После водството на Македонија по првиот дел, на Англија и требаа помалку од две минути во вториот дел да постигне гол.

После една акција на Англичаните, од десната страна Сака го пронајде Грилиш, Димитриевски и Димоски не можеа да интервенираат, па така Грилиш стрелаше во празната мрежа.

И кога се чинеше дека Англија израмни, судијата во консултација со ВАР го поништи голот. Грилиш бил во офсајд, па така залудна беше радоста на англиските  фанови и фудбалери.

Се вчитува...