Расел Мартин беше отпуштен од клупата на шкотскиот Ренџерс по ремито со Фалкирк и мораше да го напушти стадионот преку страничниот излез поради гневот на навивачите на гигантите таму. Набрзо почнаа шпекулациите за неговиот наследник, а меѓу првите имиња што се издвоија беше поранешниот тренер на клубот – Стивен Џерард.
Легендарниот фудбалер на Ливерпул им ја донесе последната титула на Ренџерс во 2021 година, а потоа ги водеше Астон Вила и Ал Итифак. Стивен Џерард го водеше тимот на Ренџерс 192 натпревари.
Тој беше одличен и во Европа, каде што еднаш ги предводеше шкотските гиганти до нокаут фазата во Лигата на Европа. Ситуацијата во овој клуб сега е многу поинаква, Ренџерс има само една победа во седум одиграни натпревари во првенството, а во Лигата на Европа започнаа со два порази.
Покрај него, кандидати за клупата се Шон Дајч и Дени Рол.
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски е единствениот фудбалер кој од стартот на новата сезона е на ниво во Ренџерс, па кој и да биде следен тренер ќе мора многу да поработи на формата на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

