Англиската легенда „удри“ по Роналдо: Не е убаво да не одиш на работа, а заработуваш 400.000 фунти дневно

Поранешниот репрезентативец на Англија, Алан Ширер го критикуваше Кристијано Роналдо поради неговото однесување во моментов, и одлуката да бојкотира и да не игра на натпреварите во Саудиска Арабија.

Претходно 40-годишниот Португалец го прошушти првенствениот меч против Ал-Ријад, а беше објавено дека не одел на тренинзи. Светскиот ас може да го пропушти и следниот меч против Ал-Итихад.

„Не постојат многу луѓе кои заработуваат 400.000 фунти дневно, а штрајкуваат. Мора да е убаво да кажеш дека нема да работиш и покрај толкава заработувачка, но тоа е чудно. Тој е супер ѕвезда и за него како и за неговиот углед тоа не е добро“, изјави Ширер.

Се вчитува...