Македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов, би можел својата кариера да ја продолжи во редовите на англиски Барнли.
Како што пренесуваат германските медиуми, Барнли веќе подготвил сериозна понуда за откуп на Чурлинов од Штутгарт. Изминатиов период долго опстојуваат шпекулациите околу идната средина на македонскиот фудбал кој имаше одличен старт на сезоната со Штутгарт, со погодок носејќи го својот клуб во следната рунда натпревари од Купот на Германија.
Барнли, кој се натпреварува во Чемпионшип лигата, во Чурлинов гледа одлична замена за дел од фудбалерите кои ги ослободија ова лето. Но, и од Штугарт велат дека сега Македонецот не сакаат да го пратат на нова позајмица.
„Среќни сме со Дарко и сакаме да остане со нас“ – вели првиот човек на Штутгарт, Свен Мислинтат.
Сепак, во случај на добра понуда сигурно би размислиле за продажба.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА