Англискиот печат очигледно ги следи извештаите во балканските медиуми. ФИФА го избра словенечкиот судија Славко Винчиќ да го суди финалето на Светското првенство, а „Дејли мејл“ одлучи да ги запознае своите читатели со неговата биографија и кариера.
Наместо да почнат со неговата судиска кариера, тие целосно се фокусираа на неговото апсење пред шест години.
„Во средата, ФИФА го именуваше Винчиќ за судија на неделното финале на стадионот „Метлајф“. Нему ќе му се придружат сонародниците Томаж Кланчник и Андраж Ковачиќ – во улога на помошници, додека Адхам Махадмех ќе биде четврти судија. Сепак, во мај 2020 година, Винчиќ беше пуштен од полицијата откако беше уапсен на забава во Босна и Херцеговина. Судијата присуствувал на она што го опишал како деловен ручек во градот Бијелина, но се нашол среде полициска рација; тој бил уапсен заедно со Тијана Максимовиќ (српска старлета попозната како Тијана Ајфон), за која полицијата верува дека е водач на мрежа за проституција. Следната година, Максимовиќ ја призна вината за кривичното дело меѓународно посредување во проституција, а за неа беше предложена едногодишна затворска казна. Според извештаите, полицијата приведе вкупно девет жени и 26 мажи и заплени четири пакети кокаин, 10 пиштоли, три заштитни елеци и над 10.000 евра (во разни валути). Винчиќ не беше обвинет за директна вмешаност во активностите и беше сослушан како сведок пред да биде пуштен на слобода“, пишува „Дејли мејл“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
