Англиски судија ја прекина кариерата поради „ужасно-компромитирачко“ видео кое се појави во јавноста

Еден од најдобрите англиски судии Боби Мадли се одлучи да ја заврши професионалната кариера. Оваа вест беше потврдена од Здружението на професионалните судии на Англија.

„Боби Мадли повеќе не е дел од нашата организација. Соопшти дека се повлекува од лични причини“ – соопштено е од Здружението.

Но, иако не се соопштени причините, англиските медиуми тврдат дека одлуката е донесена откако на социјалните мрежи се појави видео во кое овој судија е во ужасни, компромитирачки, сексуални сцени со куче.

Мадли е професионален судија од 2013 година. Судеше во кариерата 91 натпревар во Премиер лигата на Англија, а минатата сезона ги водеше и големите дерби натпревари Манчестер јунајтед – Челси и Ливерпул – Арсенал.

Се вчитува...