Англиските фанови се воодушевени: Каков прекрасен град, 84 пива за 59 фунти

Голем број англиски навивачи пристигнаа денеска во Скопје за вечерашниот дуел со Македонија, полнејќи ги кафулињата и пабовите во центарот на градот.

Атмосферата остана максимално мирна и без посериозни инциденти, а Англичаните не кријат дека се воодушевени – од цените на алкохолот во нашиот главен град.

„59 фунти за 84 пива, ова е прекрасен град“, објави еден англиски фан во Скопје фотографии од својот престој во нашата држава.

Се вчитува...