Англиските навивачи стигнаа во Скопје – Забрането движење на кеј

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва од 20.45 часот на националната арена „Тодор Проески“ ќе ја пречека Англија во последното коло од квалификациите за пласман на Европското првенство кое следната година ќе се игра во Германија.

Во главниот град на Македонија пристигнаа англиските навивачи кои се очекува вечер на „Тодор Проески“ да бидат околу 2.400.

Поради нивното доаѓање МВР го затвори кејот на реката Вардар каде тие времето до мечот ќе го поминат во рестораните во овој дел од градот.

Се вчитува...