Анид Абази од Гостивар на позајмица во Беласица

Крилниот играч на Гостивар, Анид Абази, во пролетниот дел од сезоната ќе настапува во второлигашот Беласица, како позајмен играч во таборот на струмичани.

Абази во есенскиот дел не играше за Гостивар, па со цел да има поголема минутажа, заминува на позајмица во струмичкиот тим, каде што се очекува да има повеќе настапи.

Абази минатото лето од Скопје се пресели во Гостивар, а претходно беше дел од Шкупи, каде што низ младинските категории стигна до сениорскиот тим на чаирчани.

Се вчитува...