Анимиран филм: Како „Столе и компанија“ ја запреа моќната Италија

Историскиот триумф во Палермо беше доволен повод за експресна реализација на краток анимиран филм, за тоа како голманот Столе Димитриевски и останатите македонски репрезентативци го елиминираа актуелниот европски првак од квалификациите за СП.

Како шлаг на тортата – победничкиот погодок на Трајковски, топката што завршува крај Донарума и шокираниот Роберто Манчини крај клупата на „аѕурите“.

Се вчитува...