Анкарагучу и Велковски блиску до договор

Голема е веројатноста Дарко Велковски да го облече дресот на турскиот тим Анкарагучу како слободен агент, откако му истече договорот со Ријека. Македонскиот репрезентативец и клубот од главниот турски град се блиску до договор, јавуваат турските медиуми. Остануваат само финалните детали и потпис.

Велковски четири години беше дел од Ријека, и му истече договорот. Двете страни не најдоа заеднички јазик за нова соработка, со што Македонецот сега бара нова средина.

Покрај Анкарагучу, за неговите услуги беа заинтересирани и Трабзонспор, АЕК Атина и Малме.

Се вчитува...