Анкаругучу се откажа од Велковски, Жирона и натаму чека, одбиена понудата од Русија

Пропаднаа преговорите меѓу Дарко Велковски и Анкарагучу. Иако турскиот тим имаше понуда за неговите услуги, сепак, на крајот се одлучија да не го ангажираат македонскиот стопер. Турците не можеле да чекаат повеќе и се вртат кон друг дефанзивец.

Шпанска Жирона исто така е сериозно заинтересирана. Шпанскиот тим доставил понуда, чека одговор од Велковски. Проблем е што е дел од шпанската втора лига. Но, таа понуда е актуелна.

Во меѓувреме и рускиот тим Краснодар доставил понуда за ангажман. Според информациите на „ЕКИПА“, токму понудата од Русија била најповолна. Но Велковски ги одбил Русите, и сега и натаму се наоѓа во потрага по нов ангажман.

Велковски после четири години си замина од Ријека како слободен играч, откако му истече договорот. Имаше понуда за останување, но беше помала од актуелната, па затоа Македонецот се реши да бара друга средина.

Се вчитува...