АНКЕТА: Кој е најдобар? Меси или Роналдо?

Барселона на „Камп ноу“ вечерва ќе го пречека Јувентус во натпревар од последното коло во групната фаза во Лигата на шампионите. Повторно на теренот ќе се сретнат најголемите ривали последната деценија, Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Ова е нивни прв натпревар по 2018 година. Португалската ѕвезда досега постигна 750 голови во кариерата и е најдобар стрелец во историјата на најелитното натпреварување во Европа. Сепак, КР7, никогаш нема постигнато гол против Меси на натпревар од Лигата на шампионите. Статистиката вели дека двајцата најдобри фудбалери на денешницата имаат одиграно пет средби во елитното европско натпреварување, Меси постигнал три гола на овие натпревари, а Кристијано се уште го чека својот „првенец“.

Хрватскиот „index.hr“ објави анкета во која треба еднаш засекогаш фановите да одлучат кој е најдобар. Вашиот глас може да го дадете на следниот линк.

Се вчитува...