Фановите на Реал Мадрид одлучија кој треба да биде новото „галактичко“ засилување на клубот. Според анкета на „Марка“, Најдобриот стрелец во Европа за 2017 година, Хари Кејн треба да биде новиот врвен фудбалер кој треба да пристигне на „Сантијаго Бернабеу“, додека според бројот на гласови Нејмар е вториот најпосакуван играч.
Преку 100.000 гласачи го дадоа својот глас во анкетата, а дури 34% од гласачите го преферираат голгетерот на Тотенхем, Нејмар доби 23% од гласовите, додека младиот Мбапе е трета најпосакувана опција, со 14%.
По нив тројца, останати желби на „мадридистите“ се Роберт Левандовски со 9%, Еден Азар 8%, и Икарди и Дибала со по 6% од вкупните гласови.
Со 56 погодоци во 2017 година, не е изненадување што навивачите на Реал сакаат да го видат Кејн во белиот дрес. Се надеваат дека неговата фантастична голгетерска форма ќе ја пренесе и на „Сантијаго Бернабеу“, а познато е дека и претседателот Перез го дели истото мислење со повеќето фанови, Кејн да биде новиот „галактико“.
Прашање е колкава сума ќе треба да исплати за да го доведе во Мадрид, ако Тотенхем одреди цена, со сигурност нема да биде помала од 150 милиони евра.
Со хет-трикот кој го постигна против Саутемптон, Кејн собори два рекорди, прво оној на Алан Шишер со 37 погодоци во една календарска година во Премиер – лигата, а потоа го тргна Меси од тронот за најдоабр стрелец во Европа за 2017 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА