Анонимен купувач потроши цело богатство за првиот професионален договор на Џордан

Непознат купувач искористи ретка аукција на спортски предмети на која плати голем износ за првиот договор на Мајкл Џордан со Чикаго Булс. Анонимен купувач плати 57.000 долари за првиот договор на најдобриот кошаркар на сите времиња.

Лудоста да биде поголема, тоа не е оригиналниот договор туку само копија без потписот на Ем-Џеј. Како новајлија во сезоната 1984/1985 Џордан со Булс потпиша договор вреден 550.000 долари по сезона.

 

Се вчитува...