Анонимен Црногорец подобар од Меси и од Роналдо!

Миливоје Мрдак, напаѓачот на црногорскиот третолигаш Плевлја, е најдобриот стрелец во Европа за оваа сезона! Според фудбалската статистика, 24-годишниот Црногорец е пред најдобрите фудбалери на денешницата. Тој е „кралот на стрелците“ и на голгетерската листа е пред Меси и пред Роналдо.

Сезонава, Мрдак има постигнато 61 гол во 24 натпревари во неодамна завршената регуларна сезона во Северниот регион. Се работи за трета црногорска лига во која Мрдак е „машина за голови“.

Ми се случувало на еден натпревар да постигнам и по девет гола. На сите екипи во лигата барем еднаш сум им ја затресол мрежата. Тоа за мене значи дека вредам како напаѓач. Докажав и себе си и на другите дека можам. Сега играме плеј-оф за пласаман во Втора лига и очекуваме влез во повисок ранг. Исто така се надевам дека ќе заиграм и во некој поголем клуб веќе од ова лето бидејќи мислам дека сум во добра форма“, вели Мрдак за црногорските медиуми

Зад Црногорецот на оваа статистичка листа на најдобрите стрелци во сите европски лиги, е напаѓачот на англискиот петолигаш Донвер, Рики Милер, кој има 42 гола на 43 натпревари. А, зад нив најблиску е Лионел Меси со 35 голови за Барселона во Примера, колку што има и Единсон Kавани од ПСЖ во Франција. Кругот на најдобрите пет стрелци во фудбалска Европа го затвора Том Боер од холандскиот второлига Осс со 33 гола. Роналдо е многу подолу на оваа листа со 24 гола за Реал Мадрид во оваа сезона во Примера.

Се вчитува...