Анри е сигурен на клупата на Монако

Раководството на Монако комплетно стои зад Тјери Анри и неговата тренерска работа во клубот. Легендарниот Французин го презеде тимот минатиот месец и уште чека победа. Во последното коло, Монако загуби со високи 4-0 од шампионот Пари Сен Жермен. И покрај слабите резултати Анри добива поддршка од клубот.

„Тјери дојде како долгорочно решение. Тој не е пожарникар. Да ни беше целата да имаме инстант резултати ќе доведевме тренер од поинаков профил“ – вели претседателот на Монако, Вадим Василјев.

Монако во моментов е на 19.место на табелата во најсилната француска фудбалска кокуренција со само седум бода по 13 одиграни натпревари.

 

Се вчитува...