Анри ја шокираше фудбалската јавност: Меси не е најдобриот играч со кој сум играл!

Француската фудбалска легенда Тиери Анри ги изненади фановите со одговор на прашање поврзано со неговата професионална кариера.

Анри бил гостин во студиото на „Си-Би-Ес“ како стручен коментатор на натпреварите од Лигата на шампионите, па од водителката бил прашан кој е најдобар фудбалер со кој настапувал во ист тим и делел иста соблекувална.

Французинот без многу размислување се одлучил за екс-фудбалер на Арсенал.

„Денис Бергкамп! Да, дефинитивно е Бергкамп“, рекол Анри, потврдувајќи го одговорот откако водителката го потсетила дека играл и со Меси во Барселона.

Анри му беше соиграч на Холанѓанецот од 1999 до 2006 година во дресот на „топчиите“.

Се вчитува...