Анри ќе биде тренер на Монако до 2021 година

Поранешниот француски репрезентативец Тиери Анри и официјално е именуван за нов тренер на Монако. Тој доаѓа на местото на Леонардо Жардим и потпиша тригодишен договор со „кнезовите“.

Анри се враќа во својот поранешен клуб, каде настапуваше во периодот од 1993 до 1999 година, одигра 141 натпревар и постигна 28 гола. Сега ќе биде во улога на шеф на стручниот штаб.

„Би сакал да се заблагодарам на раководството на Монако што ми даде ваква можност. Среќен сум што повторно се враќам во Монако и едвај чекам да стартуваме со работа со фудбалерите“, изјави Анри.

Монако по девет одиграни кола во францускиот шампионат се наоѓа на 18.позиција, со само една победа и шест освоени бода.

 

 

Се вчитува...