Анри не очекуваше вакво деби на клупата на Монако

Тјери Анри никако не може да биде задоволен од своето деби на клупата на Монако, откако „кнезовите“ беа поразени од Стразбур со 2-1 за уште поголемо продлабочување на резултатската криза. Француската фудбалска легенда пристигна во Монако како наследник на Леонардо Жардим, но веднаш станува јасно дека Анри ќе има полни раце работа да го пренесе победничкиот менталитет што го поседува врз своите фудбалери.

Иако Монако имаше повеќе од поседот на топката, сепак Стразбур прв поведе со голот на Томасон во 17. минута. Анри во второто полувреме го уфрли во игра Грандсир, кој се претвори во трагичар откако само 111 секунди по влегувањето доби црвен картон, оставајќи го својот тим на цедило. Мотиба беше прецизен во 85. минута за водство на Стразбур од 2-0, пре Тилеманс од пенал да ги постави конечните 2-1 на овој натпревар.

„Кнезовите“ по овој пораз остануваат заковани на дното на табелата, со само шест бода по првите десет кола, колку што има и „фенерџијата“ Гингамп.

Се вчитува...