Анри откри кој е најголемиот проблем на Меси во ПСЖ

Легендарниот француски фудбалер, Тијери Анри вели дека Лионел Меси се мачи во Пари Сен Жермен затоа што ја нема доволно топката во свој посед. По преминувањето од Барселона во ПСЖ, аргентинскиот напаѓач не прикажува тоа што се очекуваше од него.

Тој досега во Лига  1 не успеа да постигне ниту еден гол, ниту да забележи асистенција.

„Изолиран е и помалку се гради играта на него. Многу малку ја прима топката. Не велам дека е тажен, но е изолиран. Воочливо е дека на десната страна има проблеми. Мора да најдат начин Меси, Нејмар и Мбапе да играат заедно. Мислам дека ова се уште е тим на Мбапе“, изјави Анри. 

Нова шанса конечно да се запише во статистиката Лионел Меси ќе има викендов кога тимот од Париз ќе го пречека Лил.

Се вчитува...