Анри: ПСЖ може да се пофали со одлични напаѓачи, но има проблеми во одбраната

Француската фудбалска легенда, екс-играчот на Монако, Јувентус, Барселона и Арсенал, Тиери Анри, даде своја анализа фудбалската сезона во Франција, па се осврна на трансферот на Лео Меси во францускиот гигант, ПСЖ.

Поранешниот напаѓач на „триколорите“ не е убеден дека „светците“ со така наречениот „дрим-тим“, ќе ја освојат Лигата на шампионите.

„ПСЖ не ги реши проблемите со ангажманот на Меси. Играв со него, луѓето забораваат дека тогаш не примавме многу голови. ПСЖ и натаму го има тој проблем во одбраната. Тие мора да го поправат тој сегмент. Донесоа неколку засилувања и мора да направат баланс со играта во одбраната“ потенцираше Анри.

Се вчитува...