Анри со лекција до Мбапе: Тренерот го има последниот збор, ќе играш како што тој ќе ти каже! (ВИДЕО)

Килијан Мбапе уште еднаш се најде во центарот на вниманието, откако ја „пецна“ јавноста со своите нови поплаки и барања. Токму поради ваквиот пристап кон играта, се јави и фудбалската легенда на Франција која ја искористи шансата за јавно да го искритикува.

Тиери Анри, синоќа беше гостин во телевизијата Си-Би-Ес, па во разговорите за Лигата на шампионите неизбежна тема беше младиот напаѓач на ПСЖ. Мбапе неделава кажа дека сакал да си оди, а претходно изрази незадоволство од новиот тренер Галтие, дека го игра како класична „деветка“, кога тој сака повеќе слобода на теренот. Анри изнесе пример од својата кариеа, за да поентира дека личните желби не треба да се поважни од клупските потреби.

„Веќе знаеме дека тоа не му се допаѓа, но тој треба да знае дека клубот е над сите. Но дали во ПСЖ направиле тој да се чувствува така, дека клубот е поголем или, пак, направиле тој да се чувствува поголем од клубот? Ќе искористам една своја приказна … Јас не сакав да играм крило во Барселона. Го мразев тоа. Но морав заради тимот. Не слушнав никој да рече ‘клолку убав гест од негова страна, да игра лево’. Има само едно правило: тренерот бара нешто да направиш, ти го правиш тоа за доброто на тимот. И твојот тим победува. Да губеше, ќе го разберев незадоволството“, рече Анри.

ПСЖ синоќа одигра 1-1 против Бенфика, а стрелец на голот беше токму Мбапе, со што стана најдобриот стрелец на ПСЖ во Лигата на шампионите, на сите времиња.

Се вчитува...