Анри со совет до Мбапе: Не е паметно да се замине од тим во кој е дојден Меси

ПСЖ се засили со Лионел Меси, па сега конечно ќе тргне во поход да ги освои сите можни титули, но проблем им е иднината на Килијан Мбапе, кој има договор до крајот на следната сезона и сака да си замине од тимот.

Младиот Французин сака да игра за Реал Мадрид, а ПСЖ е свесен дека не може ништо да направи и да го задржи Килијан во екипата. На оваа тема се огласи и легендарниот француски голгетер Тиери Анри, кој не се согласува со ставот на Мбапе.

„Мислам дека сега имаат најдобар тим. Мбапе не би требало да замине, туку треба да остане во екипата. Верувам дека сите во клубот, играчите и луѓето околу него ја знаат иднината на Мбапе. Не знам што ќе се случи со него, има многу шпекулации, но јас сметам дека треба да остане“, вели Анри, кој своевремено го напушти Арсенал за да заигра крај Меси во Барселона.

Се вчитува...