АНТАЛИЈА КУП 2023: Младите надежи ја совладаа Финска на пенали (ВИДЕО)

После убедливиот пораз од Летонија од 3-0 во првиот меч на турнирот во Анталија, македонската млада репрезентација денеска ја совлада селекцијата на Финска на пенали со 5:4, откако во регуларниот дел беше нерешено 1:1.

Македонија можеше и да го добие натпреварот и во регуларниот дел ако се има во предвид неговиот тек, и шансите за Македонија кои ги имаа во второто полувреме.

Македонската селекција поведе со гол од пенал во 32. минута. Откако еден играч беше срушен во шеснаесетникот на Финска, пеналот во гол го претвори Марио Илиевски кој шутираше прецизно во долниот лев агол.

Во второто полувреме, кога Македонија речиси имаше рамноправна игра, и само чекаше грешка на противникот за да дојде и до втор гол една долга топка од левата страна на десната, по што финскиот играч остана сам, и шутираше прецизно во мрежата на Алчевски за израмнување.

До крајот на мечот уште 2-3 шанси за Македонија да дојде до нова предност, но не беа реализирани.

Потоа се изведуваа пенали, а таму херој беше голманот Марко Алчевски. Најпрво одбрани удар на Финците во петте регуларни серии (промаши и еден наш фудбалер), а потоа во седмата скроти уште еден пенал, со што Македонија успеа да погоди и да го добие натпреварот.

Следниот меч на македонската млада селекција е против Словачка на 28. март.

Се вчитува...