Анталијаспор понуди 5 милиони евра за Несторовски

Македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Несторовски доби понуда за трансфер во Турција. За него е сериозно заинтересиран турскиот прволигаш Анталијаспор, кој се обидува да го ангажира и на Палермо му понуди 5 милиони евра. Но, се чини дека тоа е премалку за контроверзниот претседател на клубот, Маурицио Зампарини. Тој во текот на целото лето најавува дека Нестор-гол е на продажба, но очигледно и дека бара превисока отштета за негово заминување.

За Несторовски се интересираат и калчолигашите Болоња и Џенова, претходно имаше најави дека би можел да биде и замена за Мауро Икарди во Интер, доколку Аргентинецот реши да си замине, а минатото лето се споменуваа и англискиот премиерлигаш Евертон и шпанскиот гигант Атлетико Мадрид. Но, Несторовски остана во Палермо со намера да го врати клубот во Серија А, и во таа мисија не успеа.

Ако минатото лето Зампарини добиваше понуди и над 10 милиони евра за продажба на Нестор-гол, сега сепак цената е значително помала. Во наредните неколку дена раководството на Палермо ќе мора да даде конечен одговор за понудата на Анталијаспор.

Се вчитува...