Анте Ребиќ му донесе триумф на Милан против Торино

Милан стигна до десеттата победа во Серија А оваа сезона откако на домашен терен го совлада Торино со 1-0. По овој триумф, „росонерите“ се искачија на осмата позиција со 35 бода. Стрелец на победничкиот погодок за Милан беше хрватскиот интернационалец Анте Ребиќ во 25.минута.

Кастилјехо нафрли од десната страна, а Ребиќ од десетина метри успеа да погоди на вистинското место.

Торино ја продолжува низата на неуспешни резултати во последниот период.

Се вчитува...