Анте Ребиќ си заминува од Милан

Раководството на Милан е загрижено за здравствените проблеми на Анте Ребиќ, кој наводно се наоѓа пред излезната врата на „Сан Сиро“ доколку им се верува на извештаите од Апенинскиот полуостров.

Според пишувањата на италијанските медиуми, Ребиќ, кој престојува на „Сан Сиро“ од 2019 година, би можел да ги напушти „росонерите“ во преостанатиот дел од зимскиот преоден рок. Загриженоста за здравјето на Ребиќ, односно проблемите со повредите, се наведуваат како наводна причина за продажбата.

Хрватот сезонава одигра само четиринаесет натпревари во Милан, што е причина за загриженост кај раководството на „Сан Сиро“. Во извештаите се наведува дека Милан не е незадоволен од настапите на поранешниот репрезентативец, но неговата достапност е под знак прашалник.

Со продажбата на Ребиќ, „росонерите“ планираат да ослободат простор во ротацијата за нови засилувања, а како негова замена се споменува Мароканецот, Хаким Зијеш.

Се вчитува...