Анте Жижиќ го засили европскиот шампион

Хрватскиот интернационалец, Анте Жижиќ е најновата аквизиција на двократниот европски кошаркарски шампион, турскиот Анадолу Ефес. Хрватот со шампинот во Евролигата потпиша двегодишен договор со можност за продолжување на соработката за уште една година.

Жижиќ во Ефес доаѓа од редовите на Макаби Тел Авив, во чиј дрес минатата сезона одигра 31 натпревар, а просечно бележеше по 12 поени и пет скока.

 

Се вчитува...