Анти-Барса план: Гризман во ПСЖ, Нејмар во Реал Мадрид

Францускиот првак Пари Сен Жермен „загриза“ за Антоан Гризман. Иако шпанските медиуми го преселија веќе во Барселона, раководството на ПСЖ ќе направи максимални напори да го доведе одличниот француски напаѓач на „Паркот на принцовите“. Планот е да плати отштета од 200 милиони евра и да го реализира трансферот пред 1 јули, со побрза реакција од Барселона. Каталонскиот гигант чека да ја искористи клазулата во договорот на фудбалерот која вели дека по првиот ден од јули, Гризман може да се купи за 80 милиони евра помалку, односно за активирање на клаузулата се потребни 120 милиони евра.

Во случај ПСЖ да успее да го „украде“ веќе договорениот Гризман од рацете на Барселона, тогаш Бразилецот Нејмар би можел да се пресели во Реал Мадрид. Овој трансфер би бил вреден околу 250 милиони евра и повторно би бил најскап на сите времиња, како и при неговата преселба од „Камп Ноу“ во Париз.

Се вчитува...