Анри го гаси телевизорот кога ќе види кој е капитен на Арсенал

Тиери Анри важи за еден од најдобрите фудбалери што некогаш го носеле дресот на Арсенал, па францускиот ас не го крие разочарувањето поради очајните игри на „топчиите“ сезонава. Неговиот поранешен репрезентативен колега Патрис Евра откри и кој фудбалер на Арсенал го вади од кожа Анри – Швајцарецот Гранит Џака, кому воедно му е доделена и капитенската лента на „топчиите“.

Евра ја имаше улогата на стручен аналитичар за време на дуелот меѓу Арсенал и Барнли, на кој Џака беше трагичар со добиениот црвен картон, по што поранешниот лев бек се потсети на една случка со Анри.

„Тиери ме покани да дојдам во неговата куќа, да сме гледале заедно меч на Арсенал. Секако дека прифатив, средбата само што требаше да почне и во крупен план се појави Гранит Џака. Анри го изгаси телевизорот и видно се изнервира, го прашав што е работата бидејќи дојдов за да гледаме заедно, а тој ми рече дека не може да гледа кога видел кој е капитен на неговиот омилен тим. Тоа ви кажува се, за она што Анри и остнатите клупски легенди го мислат за сегашниот капитен на Арсенал“, откри Евра.

Фрустрациите на Анри дефинитивно ги делат и бројни фанови на „топчиите“…

Се вчитува...