Џуд Белингем собираше комплименти за добрите партии на овој светски шампионат, се до синоќешниот дуел со Аргентина на кој асот на Реал Мадрид не беше на посакуваното ниво.
Видно нервозен од самиот почеток,, Белингем ги загуби нервите пред крајот влегувајќи во конфликт со Меси, но Англичанецот најголемиот скандал го направи по последниот судиски свиреж, удирајќи еден аргентински фудбалер додека се радуваше.
Ударот не беше силен, но Белингем ризикуваше да предизвика хаос на теренот откако самиот пријде на група Аргентинци кои се радуваа и воопшто не му обрнуваа внимание се до големиот инцидент.
Можеби му пречело нешто што слушнал за време на нивната прослав,а но тоа никако не може да биде оправдување за ваквиот однос бидејќи фудбалските ѕвезди, особено од калиброт како Белингем, мора да бидат големи и во поразите како што е тоа случај во победите.
😱 ¡EL ENGANCHÓN DE BELLINGHAM CON LOS JUGADORES DE ARGENTINA TRAS EL FINAL!#NuestroMejorMundial #NuestroMejorMundialAS @jfelixdiaz @as_tv pic.twitter.com/9Y8rlgG2TL
— Diario AS (@diarioas) July 15, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
