Анти: Кире Лазаров ме предупреди дека во Битола ќе биде тешко

Спортинг Лисабон ја забележа првата победа во годинашното издание во Лигата на шампионите, откако го совлада македонскиот вицепрвак Работник во салата „Боро Чурлевски“ во Битола. Гостинскиот тренер Тиери Анти откри дека пред мечот имал разговори со Кире Лазаров, со кого претходно соработуваше во тимот на Нант.

„Среќен сум за победата. Лазаров ми кажа дека е многу тешко во Битола да се победи. Клучно за победата беше нашата одбрана и контранападот. Горд сум што ја забележав првата победа како тренер во Спортинг“, изјави Анти.

Романецот Валентин Јонеа беше најдобриот поединец на натпреварот, предводејќи го Спортинг со 10 гола.

„Задоволен сум од победата, бидејќи Работник има одлични ракометари. Очекувавме дека ќе биде тешко, сепак успеавме да ја исконтролираме играта во второто полувреме и да стигнеме до значајни два бода“, изјави Јонеа.

Се вчитува...