Антиќ во друштво на селекторот Бајиќ „снимаа“ во „Јане Сандански“ (ФОТО)

Третиот натпревар од финалната серија од плеј-офот во Првата македонска кошаркарска лига, беше добра можност и за селекторот на сениорската репрезентација Драган Бајиќ, во друштво на раководството на КФСМ,  во „живо“ да се увери во квалитетите на репрезентативните кандидати, од кои во поголем број се од екипата на МЗТ Скопје Аеродром, барем во изминатиот квалификациски циклус за Евробаскетот 2022.

Присуството на Бајиќ е јасно, ако се знае дека веќе во средината на јули следуваат подготовките за августовските претквалификации за пласман на Светскиот Куп во 2003 година, а добар дел од актерите веројатно и ќе се најдат на поширокиот список на новиот предводник на нашиот сениорски состав.

Се вчитува...