Антоан Гризман откри каде сака да ја заврши кариерата

Фудбалерот на Барселона, Антоан Гризман вели дека желба му е кариерата да ја заврши во американската професионална фудбалска лига, МЛС. 29-годишниот Французин има договор со Каталонците до 2024. година, а по неговото завршување тој сака да се пресели во САД.

„Освојувањето на Ла Лига и Лигата на шампионите со Барселоне главната цел во мојата кариера. Потоа следи Светското првенство во Катар, па мој трансфер во МЛС лигата. Не знам во кој тим би играл, но навистина сакам таму да ја завршам кариерата“, изјави Гризман. 

Гризман минатото лето пристигна на „Камп ноу“ од редовите на Атлетико Мадрид за сума од 120 милиони евра. Во кариерата покрај за „јорганџиите“ тој ги бранеше и боите на Реал Сосиедад.

Се вчитува...